Во пожар на аеродромот во Њујорк девет лица се повредени

Сподели со своите пријатели

Неколку лица се пренесени во болница откако избувна пожар на ескалатор на меѓународниот аеродром Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти.

Loading...

За време на мал пожар на ескалаторите на терминалот 8 на аеродромот во средата, девет лица се здобиле со полесни повреди од вдишување чад, од кои четворица се хоспитализирани, јавува ABC News.

Ниту една од повредите не се смета за опасна по живот.

Околу 960 луѓе се евакуирани со автобуси до друг дел од аеродромот, соопштија властите.

На хаотичната снимка од аеродромот споделена на социјалните мрежи се гледаат полицајци и пожарникари во акција на терминалот и толпа патници со багаж се туркаат околу влезот на аеродромот додека во позадина се огласува аларм за пожар, пренесува Танјуг.