Во Пекинг забележани најниските температури откако се вршат мерењата

Сподели со своите пријатели

Кинеската престолнина Пекинг го доживеа најстудениот декември од почетокот на мерењата во 1951 година.

Loading...

Температурите во градот овој месец често паѓаа под минус 10 целзиусови степени.

Генерално беше година на екстреми во тој град.

Пред шест месеци, Пекинг го забележа најтоплиот јунски ден во историјата со нешто повеќе од 40 степени.

Кина веќе е погодена од неколку бранови на екстремно студено време оваа зима.

Делови од северна Јапонија доживеаја обилни снежни врнежи, додека Јужна Кореја се бореше со ниски температури.