Во Пекинг, за прв пат од 2014 година, температурата надмина 40 степени

Сподели со своите пријатели

Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени целзиусови, и рекорд за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата, пренесува Танјуг.

Loading...

Метеоролошката станица на јужната периферија на Пекинг денеска забележа 40,7 степени целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година.

Претходниот рекорд беше поставен на 10 јуни 1961 година, кога беа 40,6 степени Целзиусови мери.

Во Пекинг денеска е во сила портокалов метео аларм.

Метеоролозите издадоа предупредување за сериозни горештини за главниот град на Кина во текот на викендот, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Северна и источна Кина беше погодена од топлотен бран минатата недела, речиси две недели порано од претходните години.

Портокалово предупредување се издава кога максималната температура ќе надмине 40 степени во еден ден или кога максималната температура останува над 37 степени два последователни дена.