Во Пекинг обилни снежни врнежи, затворени автопатишта

Сподели со своите пријатели

Властите во Пекинг затворија осум автопати кои минуваат низ градот по повеќе снег од очекуваното во текот на ноќта, додека го засилија јавниот превоз.

Loading...

Снежните врнежи во вторникот вечерта траеја подолго и беа пообилни од прогнозите поради наглото зголемување на влажноста во главниот град по комбинацијата на влажен воздушен поток од југ и студена воздушна маса која полека се движи кон исток, изјави метеоролог од општинската опсерваторија за Пекинг Дејли.

Речиси 200 делови од патиштата се затворени низ Кина поради неповолните временски услови, јави CTV, пренесува Ројтерс.

Кинескиот национален метеоролошки центар предвидува минусни температури за наредните денови во централниот дел на земјата, на исток, север, северозапад и во делови од југ, пренесува Танјуг.