Во Памплона одржана трка на бикови по три години пауза

Сподели со своите пријатели

Првата трка на бикови се одржа денеска во Памплона во рамките на фестивалот Сан Фермин.

Loading...

Во трката, која траеше две минути и 35 секунди, никој не беше тешко повреден, но неколку лица се здобија со расекотини, повреди од пад или беа прегазени од бикови.

Десетици илјади луѓе ја следеа трката низ тесните улички на Памплона.

Тоа беше прва од осумте трки закажани за време на фестивалот.

Биковите кои трчаат наутро попладне се убиваат. Активистите за правата на животните водеа кампања против колежот, но борбите со бикови сѐ уште се популарни во некои делови на Шпанија и се составен дел од фестивалот Сан Фермин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Лани и полани фестивалот не се одржа поради пандемијата на коронавирус.

Во Шпанија повеќето луѓе се вакцинирани, но маските се препорачуваат поради неминовното зголемување на бројот на заразени, но меѓу толпата во Памплона, средновековен шпански град, маските се ретка глетка.

Фестивалот е познат по трките со бикови кои се организираат секое утро во 8 часот, на кои учествуваат илјадници луѓе, главно мажи, традиционално облечени во бело, со црвени марами околу вратот.

Loading...

Патеката е долга 876 метри, а посипана е со супстанца по која биковите се лизгаат при свиоци.

Оваа манифестација потекнува од 16 век, во чест на светецот и патронот на Памплона, Сан Фермин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

Фестивалот го овековечи познатиот Ернест Хемингвеј во романот „Сонцето повторно изгрева“.