Во оваа земја за гледање порнографија прво ќе мора да се испрати селфи како потврда дека сте полнолетни

Сподели со своите пријатели

Во Велика Британија стапи на сила законот со кој на малолетниците им се забранува пристап до порнографски веб-страници.

Loading...

За забрана на пристап до порнографија за лица помлади од 18 години во таа земја се зборува со години, но проблемот е како да се провери возраста на посетителите на порнографските страници.

Пред четири години беа усвоени правила според кои податоци како пасоши или кредитни картички треба да се користат за пристап до таквите страници, но поради технички проблеми, како и потенцијални предизвици за приватност, тоа потоа беше напуштено.

Британскиот телекомуникациски регулатор Офком сега објави нов план кој вклучува различни методи за веб-страниците за возрасни да ја потврдат возраста на нивните посетители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца мажи во Британија обвинети за планирање терористички напад

Некои методи за верификација, како што се самопотврдување на возраста и онлајн плаќања, за кои не е потребно корисникот да е полнолетен, нема да бидат прифатени како методи за проверка.

Меѓу шесте методи што ќе се користат во Велика Британија се претходно предложените методи за верификација на кредитни картички, како и потврда од мобилните оператори, користење паричници со дигитален идентитет, давање согласност на банките да потврдат дека корисниците се над 18 години и совпаѓање фотографии  од пасош или возачка дозвола со фотографија од корисникот.

Покрај споменатите методи на верификација, за прв пат се споменува уште еден, а се базира на – вештачка интелигенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца мажи во Британија обвинети за планирање терористички напад

Кога ќе ја поднесат својата слика, вештачката интелигенција ќе процени колку години имаат посетителите на страницата и ако вештачката интелигенција заклучи дека корисниците се полнолетни, тие ќе можат да пристапат до сексуалната содржина.

Loading...

Технологијата за препознавање возраст врз основа на селфи е развиена од компанијата Yoti, која тренира вештачка интелигенција на стотици илјади фотографии.

Услугите на оваа компанија, односно оваа технологија веќе ја користи PornHub при прикачување видеа на својата страница.

Yota вели дека штом ќе се проверат информациите за возраста, сите податоци се шифрираат и никој не може да пристапи до нив.

Прашањето е колку ќе им биде удобно на луѓето да користат такви методи и да ги испраќаат своите фотографии, детали за картички и слично за да пристапат до порнографски страници бидејќи многумина сигурно ќе се плашат дека нивните лични податоци би можеле да бидат поврзани со порнографската содржина што ја гледаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца мажи во Британија обвинети за планирање терористички напад

Според податоците на Офком, децата денес се изложени на сексуални содржини на интернет веќе на девет години, а просечната возраст на која првпат се среќаваат со порнографска содржина е девет години.