Во оваа пештера водата капе од подот кон плафонот, а телефоните се расипуваат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Оние кои ја посетиле оваа пештера тврдат дека веќе на влезот можете да почуствувате чудна енергија која како да не доаѓа од овој свет, а за оваа грчка пештера се врзуваат и многу култни свеоштва и претпоставки за воени експерименти.

Loading...

Скриеното и мистериозно место близу Атина скоро никој и да не го посетува. Причина се бројни суеверија кои доаѓаат да ги истражуваат само обожавателите на култот. Пештерата Девелис се наоѓа на југозападната страна на планината Пендели, од која некогаш пристигнувал мермер за изградба на Паренон.

Пештерата е наречена според разбојникот од 19 век по име Девелис кој ја користел за својата банда како засолниште. Според легендата постоел и лавиринт од тунели кои воделе до куќата на војвотката кој му била љубовница. На влезот во пештерата во карпа се наоѓала црква на пустинец од 12 век.

Малку подлабоку во пештерата се криел богот Пан, а остатоците кои тоа го потврдуваат можат да се видат во Археолошкиот музеј во Атина. На еден од ѕидовите се гледаат резбарини на патници, вклучително и неколку англиски писатели од 19 и раниот 20 век.

Постојат записи за тоа дека грчката војска тука практикувала доверливи операции, поради што пештерата била затворена за јавноста. Се поврзува со нуклеарно оружје, експерименти во Студената војна и бројни теории на заговор.

Култниот статус на пештерата во планината со форма на пирамида го добила поради различните исповеди на посетителите. Наводно некои виделе вода која капе од подот кон плафонот, суштества како мачки кои одат на две нозе, а со електронските уреди тука се случувало нешто чудно затоа што се исклучувале или расипувале. Би послужело како сценарио за некој хорор филм затоа што таму наводно се наоѓаат бројни докази за ритуални активности.

Loading...

Гркот ДИмитриос Макридопоулос кого секога го интересирал култот, заминал во пешетарата со камера и уред кој „лови“ необични активности преку радиофкрекфенции. Уредите забележале необични звуци, сенки и ликови. Тој уште на влезот почувствувал чудна енергија која како да доаѓа од другиот свет.

Експертите објаснуваат дека причината за тоа може да биде магнетизмот, но како доаѓа до тоа не знаат да објаснат.

Фото: Wikimedia/Ribouldingue

Leave a Reply