Во Оксфорд е развиена нова вакцина против маларија. Гана ја одобри за употреба

Сподели со своите пријатели

Гана стана првата земја во светот што ја одобри новата вакцина против маларија произведена во Оксфорд, што е нов чекор напред во борбата против болеста која убива стотици илјади деца секоја година.

Loading...

Ова одобрување е невообичаено бидејќи се случува пред да се објават резултатите од последната фаза од испитувањето.

Сè уште не е познато кога вакцината ќе се администрира во Гана, бидејќи другите регулаторни тела, како што е Светската здравствена организација (СЗО), сè уште ја оценуваат нејзината безбедност и ефикасност.

„СЗО може да обезбеди поддршка, но не е институција која дава одобренија. ФДА има регулаторен мандат и тоа е она што го правевме“, рече Делезе Дарко, директор на Управата за храна и лекови во Гана (ФДА).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Повеќе од 600.000 луѓе годишно умираат од маларија

Таа не коментираше кога ќе почне да се дава вакцината бидејќи тоа е одговорност на другите служби, Програмата за маларија во Гана и националното тело за имунизација ЕПИ.

Маларијата, болест која ја пренесуваат комарците, годишно убива повеќе од 600.000 луѓе, главно африкански деца.

Научникот од Оксфорд, Адријан Хил, рече дека регулаторот на Гана ја одобрил вакцината за возрасната група која е најмногу изложена на ризик од маларија – деца на возраст од 5 до 36 месеци.

Оксфорд има договор со Индискиот серумски институт за производство до 200 милиони дози од оваа вакцина годишно.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза