Во недела се очекува пороен дожд со грмежи

Сподели со своите пријатели

Според Управата за хидрометеролошки работи, денес во Македонија се очекува сончево време и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од југозападен правец.

Loading...

Кон крајот на денот ќе има појава на слаб краткотраен дожд, а на југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а дневната од 27 до 32 степена.

Во недела, особено попладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд, наместа со грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за 2 до 4 степени во однос на оние од викендот.

Leave a Reply