Во Москва пронајдено младенче од тигар, носено во торба

Сподели со своите пријатели

Младенчето тигар кое беше пронајдено во Москва и сместено во центар за рехабилитација на диви животни се чувствува добро, соопшти денеска градската канцеларија за управување со природата и заштитата на животната средина.

Loading...

Ветеринарите и зоолозите му ја обезбедуваат потребната нега, пренесува РИА Новости.

Младенчето тигар било пронајдено во Москва, каде илегално било пренесено во торба.

Министерството за внатрешни работи покрена истрага за случајот.

Тигрите се специјално заштитени во Русија и се на списокот на видови опфатени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Трамп не е безбеден