Во кумановската касарна одбележан денот на Командата за операции (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со воена свеченост денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово беше одбележан денот на Командата за операции.

Loading...

 

 

На свеченоста присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, командантот на КО, бригаден генерал, Бесник Емини, заменик министерот за одбрана Тирон Јајагакако и многу други високи претставници од безбедносната фела, политичари и соработници на Армијата.

 

 

Loading...

Во своето обраќање министерката Славјанка Петровска припадниците на Армијата кои со своето учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, даваат суштински придонес кон колективната безбедност на НАТО, а во најголем дел доаѓаат токму од оваа Команда.

 

 

– Ние во раководството во Министерството и Армијата не сме само благодарни, туку секојдневно работиме и за подобрување на условите, и за поголема мотивираност на секој еден припадник во секоја од единиците во Командата за операции. Процесот на модернизација и опремување, чии резултати се веќе видливи е процес кој ќе продолжи да се движи со позбрано темпо. Во буџетот кој веќе е во фаза на планирање за следната година, се издвојуваат 2 проценти од бруто-домашениот производ за одбраната, а веќе една третина ќе биде и понатаму наменета од тој буџет за продолжување на процесот на модернизација, потенцираше министерката во својот говор.

 

 

Loading...

Како што рече командантот на Командата за операции, бригаден генерал, Бесник Емини, единицата мора да биде подготвена за конфликт кој може да се појави сам од себе.

– Командата за операции како еден од главните столбови на одбраната, на вооружените сили на Армијата во континуитет работи на подобрувањето на способностите и вештините на нашите состави од операциите и борбената способност, рече тој.

 

 

Инаку, Командата за операции е носител на традициите на формирањето на штабот на македонско-кресненското востание во селото Кресна на 17 октомври 1887 година, кој е воедно и ден кога е кренато востанието како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски