Во Куманово утре гласаат затворениците, болни и немоќни лица

Сподели со своите пријатели

Вкупно 180 болни и немоќни лица утре во Куманово ќе го остварат своето право на глас, информираат денеска од Општинската изборна комисија (ОИК).

Loading...

Како што информираше претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска, поднесени биле 199 барања за гласање на болни и немоќни лица, но не сите се прифатени.

– По одржаната седница на Општинската изборна комисија, во присуство на доктор специјалист, одбиени се 19 барања, а прифатени се 180, изјави Стојковска.

Инаку, утре право на глас во Куманово имаат и 159 лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи на издржување затворски казни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

Инаку, вечерва на полноќ започнува изборниот молк за претседателските избори, кој ќе трае до среда до 19 часот.

Никола Ивановски