Во Куманово штрајк во сите основни и средни училишта

Сподели со своите пријатели

Просветните работници од 21 основно и средно училиште во Куманово и од првата и втората смена денеска се приклучија на генералниот штрајк кој го организира СОНК, соопштија денеска од основните синдикални организации и од секторот за образование од Oпштина Куманово.

Loading...

Раководителот на секторот, Александар Јовановиќ на денешната прес-конференција рече дека до oпштината пристигнало известување за штрајкот и дека се организира во просториите на установата каде се договориле претседателите на синдикалните организации и одговорните од училиштата.

– Постојано сме во комуникација со директорите на училиштата кои само потврдија дека сите синдикални организации на територија на општина Куманово се вклучени во штрајкот. Директорите не известија дека сите вработени се на своите работни места. Во прва смена помал број на ученици дошле во училиштата, згрижени се од страна на директорите, но не се изведува наставата, бидејќи речиси цели колективи се вклучени во штрајкот, изјави Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

Тој појаснува дека се применува законската регулатива.

– Како општина, како сектор би сакал да упатат апел и до СОНК и до МОН да најдат заедничко решение што поскоро, прифатливо решение во интерес на сите страни. Ќе останеме во интензивна комуникација со директорите, тие ни брифираат, навремено ќе бидат известени и медиумите, граѓаните, рече Јовановиќ.

На подрачје на Куманово има 1.700 вработени во 21 училиште, од кои пет средни со над 14.500 ученици.

МИА