Во Куманово промовиран романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

Сподели со своите пријатели

Кумановци покажаа голем интерес за промоцијата на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски која се одржа вчера во НУЦК „Трајко Прокопиев“.Романот го промовираше проф. д-р Кристина Николовска.

Loading...

„Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“, укажува писателот, Андоновски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал 75-годишната мајка

Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ досега е печатен во 15.000, а „Вештица“ во 11.000 примероци. Неговите дела се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Досега најновиот роман „Папокот на светлината“ е продаден во повеќе од 2.000 примероци. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“ и „Југра“.