Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска се одржа Свечена академија по повод 5 Мај – Ден на македонскиот литературен јазик.

Loading...

 

 

Свеченото одбележување на 80 години од кодификација на македонскиот јазик е во организација на  Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалник и Совет на општина Куманово.

– За прв пат оваа година одлучивме да организираме свечена академија по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик. Ова одлучивме да го организираме во вид на свечена академија токму поради јубилејот 80 години од кодификација на македонскиот јазик. Имаме богата културно уметничка програма, бројни талентирани деца од училиштата ќе прочитаат некои значајни творби во областа на македонската литература и музички точки, изјави директорот на Фондацијата, Марио Арангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово во полуфинале против МЗТ Скопје

 

Loading...

 

Наставникот по македонски јазик, Фросина Додевска вели дека јазикот е жива материја, кој мора да го негуваме за себе, за генерациите што ќе не наследат, но и во чест на нашите предци.

– Жив е јазикот, се говори, затоа сме денеска тука, да слушнеме поезија, да слушнеме музички изведби, да слушнеме се, искажано на македонски јазик. Треба да се прашаме ние возрасните колку го почитуваме јазикот и колку ние правилно го зборуваме, го почитуваат учениците, се трудиме да им укажеме на грешките, но сепак правиме грешки, вели таа.

 

 

Со препорчитување на кодексот, граматиката и правилата, вели таа, секоја грешка може да се корегира и јазикот правилно да се употребува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26 Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“ во Куманово

На настанот со пригодна реч се обратија градоначалникот Димитриевски и претседателката Ѓорѓиевска, истакнувајќи дека остварените вековни стремежи на македонскиот народ ги зацврстија основите на нашата држава.

Loading...

 

 

Го акцентираа донесувањето на македонската азбука и правопис, како значаен чин за историјата на нашиот народ. Потенцирајќи ја важноста на македонскиот јазик, инсистираа да останеме посветени во негувањето и унапредувањето на јазикот, бидејќи тој го чува нашиот национален и културен идентитет.

Преку видео врска, во чест на Денот на македонскиот литературен јазик, се обратија проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошки факултет „Блаже Конески”, проф. д-р Венко Андоновски  од Филолошки факултет „Блаже Конески” и проф. д-р Маја Јакимовска – Тошиќ од Институтот за македонска литература.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Можен е намален притисок на вода, поради планирани интервенции на „Водостопанство“

 

 

Loading...

Присутните гости проследија проекција на документарен филм на тема кодификација на македонскиот јазик.

Во рамките на културно – уметничката програма ученици од општински основни и средни училишта и детскиот хор при УОМО „Панче Пешев” интерпретираа творби од значајни автори на македонската литература и познати музички нумери.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски