Во Куманово ќе се издава обработливо земјиште на социјално необезбедени лица

Сподели со своите пријатели

Земјоделското земјиште ќе се издава на петгодишно плодоуживање, а секој понудувач – корисник на правото на социјална помош (инвалидни лица, самохрани родители и лица згрижители или старатели на дете без родители и родителска грижа или возрасно лице со одземена деловна способност), до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, може да достави само еден оригинален образец (барање) во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневниот печат.

Loading...

Најмногу на плодоуживање може да се додели до 3 хектари земјиште за одгледување на земјоделски култури. Големината на површината на земјиштето не може да биде поголема од три хектари, ниту помала од големината на една катастарска парцела.

Изборот на најповолен понудувач ќе го врши комисија, врз основа на критериумите утврдени во Програмата, а во договорот ќе биде одреден видот и висината на помошта која се обезбедува за започнување на плодоуживањето.

Дополнителни информации заинтересираните земјоделци може да добијат и на веб страницата на Министерството за земјоделство и во неговите подрачни единици.

Извор: Економски Лидер

Leave a Reply