Во Куманово ќе биде отворена изложбата „Златниот антички наод од неготинско“

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 13 часот ќе биде отворена изложба на фотографии (24) на којашто ќе биде промовиран златниот антички наод од  неготинско.

Loading...

Изложбата е во рамките на повеќегодишната добра соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово

Археолошкиот локалитет “Орманков гроб“ се наоѓа во непосредна близина на Неготино, поточно на 6 километри јужно од Неготино на самиот автопат Скопје-Гевгелија. Локалитеот се наоѓа на јужната страна од селото Тремник на оддалеченост од 200 метри на природно возвишение кое доминира над својата околина. Од локалитетот се отвора широк поглед кон север до планината Клепа, на исток кон планината Серта, на југ кон Демиркаписката клисура и на запад кон планината Кожуф.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Куманово до 17 часот?

Во август 2008 година при археолошко истражување од страна на стручна екипа од Музеј на град Неготино, под раководство на кустос-советник археолог Кире Ангеловски, на длабочина од 0,35 до 0,50 cm., се пронајдени повеќе предмети од златен накит и монети кои што датираат од IV-III век п.н.е, и тоа:

–              2  (две) монети-статери со ликот на Филип II и Александар III,

–              4 (четири) фибули од малоазиски тип со по пет ѕвездасти украсни испусти на лаковите, нозе со масивни стилизирани змиски глави и глави во вид на палмов лист,

–              31 примерок на златни висулци во копјеста форма,

–              32 примерок на златни висулци во вид на лешник,

Loading...

–              484 кружни алки украсени со гранули,

–              84 мали кружни алки со три реда гранули,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Липково до 13 часот?

–              2  (два) златни завршетоци од ѓердан во вид на палмети,

–              4 (четири) златни цилиндрични цевчиња од ѓердан украсени со филигран и гранулација,

–              1 (една) мала дводелна кутија (пиксида) од злато во цилиндрична форма богато украсена со филигран и гранулација

–              1 (една) импресивна украсна релјефна плочка-медалјон со претстава на Посејдон кој држи тризабец во левата рака, а лево и десно фланкиран со протоми на два коња.

                Вкупната тежина на овие предмети изнесува околу од 1 кгр. богато со 22% каратно злато. Се претпоставува дека припаѓал на истакнат војник-офицер по потекло Пајон од Антигонеа, кој сигурно бил во војската на Александар Македонски додека војувал во Азија, и по враќањето го носи сиот овој златен накит, со кој потоа бил погребан.

Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век п.н.е. претставува еден од најзначајните и најрепрезентативните наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на РС Македонија. Ова извонредно културно богатство беше презентирано во престижниот национален “Keltten-Romer Museum” во Манхинг, Германија, заедно со златната маска од Охрид и како составен дел од изложбата со наслов “Златното лице на непознатиот крал“, проект кој се реализираше со подршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот “Clash of cultures” (Судир на култури).

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Куманово до 13 часот?

Денес се наоѓа во Археолошкиот Музеј на Македонија во Скопје каде е достапен за пошироката светска јавност. Изложбата со фотографии досега е претставена во Неготино и Кавадарци.

Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 04.05.2022 година.

Пишува: Роберт Цветковски, историчар на уметност