Во Куманово формиран нов планинарски клуб

Сподели со своите пријатели

Куманово доби нов планинарски клуб. Станува збор за клубот „Поларис“, формиран од планинарот и алпинист Бобан Стефановски, кој неодамна се врати од неговата експедиција за искачување на врвот Казбек, висок 5054 метри, на масивот Кавказ.

Loading...

Идејата за формирање на планинарски клуб, вели дека ја имал многу одамна, но сега конечно пронашол време да ја преточи во реалност.

– Најголема улога тука имаше мојата сестра Драгана, која инаку е исто така веќе искусен  и страствен планинар, која некако ми помогна да соберам храброст и да го формираме клубот. Мислам дека имам доволно искуство и знаење кое сакам да им го пренесам на луѓето, да им покажам многу планини и планинарски стази со цел да уживаат во природата и планините, и да ги чуваат за следните генерации, изјави Стефановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, локално невреме и засилен ветер

 

 

За Стефановски, ова не е непознат терен, со оглед дека го предводеше клубот ЗПЗП „Козјак 2013“.

– Носам и имам многу убави спомени од тој клуб, посебно дека и денеска тие ми се драги пријатели и другари со кои делиме иста пасија, имаме исти гледишта околу природата и планината и се надевам дека и во иднина ќе останеме во многу блиски пријателски и колегијални односи како и досега. Исто така, морам да кажам дека последните неколку години активно одиме на планина со моите другари од клубот ПД „Кораци“, исто така еден врвен и професионален клуб од Куманово со кој имавме и допрва ќе имаме многу успешни и сериозни тури, кои, верувајте, навистина се тури за восхит и тури кои ретко кој клуб ги реализирал за толку кратко време, рече планинарот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со употреба на сила украл накит од жител на Скопје

 

 

За името вели дека се одлучил по долго време размислување, а Поларис е ѕвезда која има огромно значење во ориентирањето уште од палеолитот.

– Имав неколку опции за име на клубот, меѓутоа, ниту едно не беше она вистинското. И затоа ја оставивме идејата да „одлежи“ некое време, додека не ми текна за „Поларис“. Имено, Поларис е латинското име за ѕвезда Северница, односно најсветлата ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Освен тоа, во името има и одреден симболизам, бидејќи Северница е ѕвездата која има огромно значење во ориентирање уште од палеолитот, па се до денес. Симболиката е дека клубот ќе претставува на некој начин ориентир во кој правец треба да се движат сите оние млади и нови планинари кои ја сакаат планината и природата и кои ќе ни се придружат во клубот, додава тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на своја одговнорност ја потпиша платата за вработените во градинката

 

 

Loading...

Инаку сите љубители на природата и планината, и сите оние кои сакаат да станат нивни членови, можат да ги контактираат преку нивната Фејсбук страна и Инстаграм профил.

Никола Ивановски