Во Куманово денеска ќе се одбележат 25 години од формирањето на SEEBRIG

Сподели со своите пријатели

Во Касарната „Боро Менков“ – Куманово денеска  од 10 часот ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Јубилејот 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

Loading...

На свеченоста свое обраќање ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, Претседавачот на Координативниот комитет на SEDM и на Политичко-воениот Управен комитет Симона Којачару, и командантот на Командата на SEEBRIG, бригадниот генерал Билбил Битри.

За време на одбележувањето на Јубилејот, ќе присуствуваат и началникот на ГШ на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски, заменици министри за одбрана на Бугарија и Романија, генерали од армиите на Бугарија, Романија, Грција, Турција, командантот на ЕУФОР АЛТЕА, директорот на RACVIAC, командантот на Бригадата на Литванија-Полска-Украина и други високи гости од земјите членки на SEDM/SEEBRIG и од воено дипломатскиот кор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

Во рамките на регионалната Иницијатива на министри за одбрана – SEDM (South East Defense Ministerial) функционираат Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа, односно SEEBRIG (South-East European Brigade), во која покрај нашата, земји членки се и Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.

Бригадата е формирана во 1999 година врз основа на потпишаната Спогодба од страна на министрите за одбрана на 26 септември 1998 во Скопје, Република Македонија.

Со Спогодбата определени се улогата и основните задачи на бригадата, начинот на функционирање, нејзиното финансирање, регулирање на локацијата на Командата на SEEBRIG, начинот на пополна со персонал и неговите функции, како и задачите и обврските на единиците декларирани во бригадата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Од 26ти август 2020 година, Командата на SEEBRIG е лоцирана во Куманово.

Никола Ивановски

Loading...