Во Куманово денес загинаа петмина припадници на МВР

Сподели со своите пријатели

Во терористичкиот напад, што денеска се случи во населбата Тоде Мендол во Куманово, животот го загубија петмина припадници на безбедносните сили, меѓу кои Жарко Кузмановски роден 1981 година, потоа Ненад Серафимовски, роден 1987 и Сашо Самолиовски роден 1982 година, а на останатите двајца загинати министерската Гордана Јанкуловска на вечерашната прес- конференција во МВР не им го откри идентитетот, бидејќи во моментот се извествувале нивните семејства.

Loading...

– Ова се петмината херои, кои денеска го дадоа животот за Македонија. Сакам да им изразам сочувство на семејствата на овие херои, кои вечно ќе ги паметиме. Сите покажаа пожртвуваност и се бореа против исклучително опасна терористичка група – истакна министерката Јанкуловска.

Таа додаде, дека во акцијата која што траела 16 часа и се уште трае се повредени над 30-тина припадници на безбедносните сили. Јанкуловска истакна дека засега не е познато дали има жртви од цивилното население. Министерката оцени, дека ситуацијата на терен е се уште високо ризична за полицајците, кои се борат против терористите. Таа не откри колку члена броела групата, но додаде дека по 18 часот, отпорот бил совладан и 20 од нив се предале на полицијата и излегле од подрумите во кои се криеле. Но, опасноста и понатаму траела, бидејќи еден дел од групата се уште пружал жесток отпор.

На прашањето од каде е терористичката група, министерката одговори дека е од една соседна земја, но имало и припадници од Македонија.

– Имавме информација дека терористичката група имала оружје, ама не знаевме точно колку. Фактот што престрелката траеше повеќе од 16 часа покажува дека биле сериозно опремени со муниција – тврди Јанкуловска.

Бидејќи, претходно МВР, посочи дека имале сознанија дека веќе неколку дена терористичката група се наоѓа во Македонија, новинарите прашаа дали акцијата мора да се изврши во населено место? Министерката Јанкуловска одговори дека акцијата била планирана и одлично подготвена, па не постоело можност за нејзино одлагање, како и поради оценката за нејзина можна ескалација. Како, што додаде, цел на терористите биле неколку државни институции.

– Се работеше за исклучително тешка акција, поточно можам да кажам дека безбедносните сили никогаш досега не се соочиле со таква акција – рече Јанкуловска.

Leave a Reply