Под мотото „За правда”, денес во Куманово со почеток во 15 часот, невладината организација ‘Зани” ќе организира протестен марш на кој ќе биде побарано целосно расветлување на случајот во кој загина четиригодшниот Алмир Алиу од Куманово. Протестот ќе започне пред средното училиште „Сами Фрашери“ и ќе заврши пред Основен Суд, односно пред Полициската станица и Општина Куманово.
Како што стои во соопштението на НВО “Зани”, на протестниот марш ќе се изрази „револтот против грозниот чин на убиството на Алмир. Овој протест се одржува со намера да се крене гласот против сите оние кои се обидуваат да ја убијат нашата иднина, нешто што никогаш нема да го дозволиме. Секој кој извршил такво дело треба да бидат казнет со максимална казна“, велат од невладината организација.