Во кои земји до Европа горивото е најскапо, а каде е најевтивно?

Сподели со своите пријатели

Најевтиното моторно гориво во регионот го имаат возачите во Босна и Херцеговина и Македонија, а најскапоото Грците и Албанците, кажува прегледот на цените на бензисни и дизелски горива кој го бојавил Авто-мото сојузот на БиХ.

Loading...

Според таблицата на споредени цени во 33 европски земји, во БиХ литар евросупер 95 се продава по цена од едно евро, додека литар евродизел чини 98 центи. За истото готиво во Грција ќе треба да издвоите 1,66, односно 1,25 евра.

Освен БиХ, најевтино гориво точат и Македонците. Тука литар евросупер 95 чини 1,01 евро или 62,50 денари по литар, еуросупер 98 е 1,04 евра, додека цената на дизел горивото е 80 центи.

Во Црна Гора се споменуваат три видови на гориво и со ист набројан ред како и погоре, може да се наточат за 1,08 евра, 1,12 евра, па 99 центи по литар. Во Унгарија литар евросупер 95 е 1,11 евра, евродизел 1,12.

Во Србија за литар евросупер 95 потребно е да издвоите 1,14 евра, за евросупер 98 ви требаат 1,18 евра, а за литар евродизел 1,15.

Според истата табела, во Хрватска цената на литар евросупер 95 е 1,2 евра, а евросупер 98 со цена од 1,28 евра, додека литар евродизел чини 1,12. Идентични се и цените во Словенија.

Во Европа најскапото гориво го плаѓаат Британците и Италијанците, кои за литар евросупер 95 мора да издвојат 1,54 евра, оедносно 1,55, а за евросупер 98 дури 1,68 евра во Британија и 1,6 евра во Италија.

Најевтино гориво, разбрилвио е во Русија. Таму литар евросупер 95 чини 54 центи, а евродизелот 51 цент.

Loading...