Во кои држави живеат најбогатите луѓе на светот?

Сподели со своите пријатели

Банката „Credit Suisse“ во својот годишен извештај открила дека секој државјанин на Швајцарија „тежи“ околу половина милион долари, а исто така дека оваа нација е 11 пати побогата од светскиот просек.

Тоа се гледа и во извештајот за глобалното богатсво кое е направено од истражувачкиот институт на банката.

Ниту во една друга земја во светот луѓето не се богати како во Швајцарија. Моментално секој возрасен жител на оваа земја во просек има имот во вредност од 561.000 долари, објави „Дојче Веле“.

По Швајцариај следуваат граѓаните на Австралија (376.000 долари), САД (345.000 долари) и Норвешка (312.000 долари).

Според наведениот извешат од финансиската криза во 2008 година приватниот имот на возрасните жители на Швајцарија изразена во долари пораснала за 5,3% годишно. Истовремено, глобалното богатсво пораснало за само 2,1% годишно.

Главната причина за тоа е односот на швајцарските франци во споредба со доларот. Моментално имотот на поединци во Швајцарија пораснала на 3,5 трилиони долари, што е за 1,4% од светското приватно богатсво, а Швајцарија има само 0,1% од светската популација.

 

Loading...