Во кинески регион забележана температура од минус 52,3 степени

Сподели со своите пријатели

Во регионот Ксинџијанг на крајниот запад на Кина е забележана температура од минус 52,3 степени cелзиусови, со што е соборен рекордот стар 64 години, објавија кинеските медиуми.

Loading...

Рекордот беше соборен во неделата, во градот Туерхонг, а претходно најниската температура во Ксинџијанг од минус 51,5 степени беше измерена на 21 јануари 1960 година.

Поради снежната бура и замрзнатиот дожд што зафати делови од Кина, дојде до застој во патниот и железничкиот сообраќај, јавуваат кинеските медиуми.

Метеоролозите предупредија на замрзнати патишта, а до четврток се очекуваат врнежи низ Кина.

Најмногу врнежи се очекуваат во Монголија, североисточна Кина, централната провинција Хубеи и провинцијата Хунан на југ, пренесува Ројтерс.