Проѕирниот мост долг 300 метри, дело на израеллскиот архитект Хаима Дотан, поставен над 180 метри длабока провалија во геолошко-забавниот парк Чангжажиј, во централната кинеска провинција Хунан е пуштен во употреба.
Loading...
Според реакциите на првите посетители, може да се заклучи дека шетањето по овој мост е само за храбрите. Имено, освен што се наоѓа на огромна височина, мостот има и благо лулање, што кај многумина предизвикува непријатно чувство.
Изграден е од стаклени панели се дебелина од 24 милиметри, 25 пати посилно од обичното стакло, може да издржи тежина од 800 личности истовремено.
Од овој мост според предвидувањата и проценките на инвеститорот ќе може да се реализира и популарниот банџи скок.