Со воена свеченост денеска припадниците на Првиот механизиран пешадиски баталјон во касарната „Боро Менков“ го одбележаа денот на својата единица, 26-ти февруари, датумот кога е формирана и Третата Македонска Ударна Бригада во селото Жегљане во 1944 година.
Пред присутните продефилираа единиците на АРМ, а беше презентирано и дел од вооружувањето, возилата и опремата со кои располага оваа единица.
Во своето обраќање првиот човек на Првата механизирана пешадиска бригада, бригадниот генерал Зоран Милески нагласи дека оваа бригада ќе продолжи да ги негува борбените традиции на Третата Македонска Ударна Бригада. Тој потенцираше дека денешниот Прв механизиран пешадиски баталјон е мобилен и ефикасен,подоготвен да одговори на потребите и предизивиците кои ги бара времето во кое живееме.
Ќе одиме во нови достигнувања,следејќи ги интересите на државата и стандардите не НАТО.Голем е вашиот допринос во справувањето со најголемиот предизивик што во моментов го има нашата држава,а тоа е справување со бегалската криза каде што вашиот баталјон заедно со останатите единици од првата механизирана пешадсика бригада е ангажиран на јужната и северната граница и ја гарантира безбедноста на нашите граѓани – рече Милески.
Командантот на гарнизонот, потпполковникот Лулзим Нуредини даде осврт на формирањето на Трета МУБ, како и успесите постигнати од страна на бригадата за време на Народно ослободителната војна и ослободувањето ан Македонија.
Да се продолжи со негување на традициите на една ваква славна единица за нас преставува особена чест и обврска да го чуваме она што го создадоа борците на Трета МУБ – истакна во своето обраќање потполковник Нуредини.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 26 ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на Трета Македонска ударна бригада, а врз кој заедно со други важни датуми од историјата, се темелат традициите на Армијата на Република Македонија.
фото: архива