Во Холандија потврден случај на кравјо лудило

Сподели со своите пријатели

Холандските власти денеска потврдија дека кравата што умрела на фарма во земјата имала таканаречено кравјо лудило, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да предизвика смртоносна болест на мозокот кај луѓето кои го јадат заразеното месо.

Loading...

Фармата каде што умрела кравата била изолирана, а самото заразено животно „не било дел од синџирот на исхрана и не претставува закана за безбедноста на храната“, напиша министерот за земјоделство Пиет Адема до членовите на холандскиот парламент.

Болеста, чие техничко име е говедска спонгиформна енцефалопатија, или БСЕ, за прв пат беше пријавена во доцните 1980-ти кај говеда во Велика Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Златен ретривер кој ужива во природата го воодушеви интернетот (ВИДЕО)

Стотици луѓе тогаш, откако конзумирале заразено месо, се разболеле од болеста што ја предизвикува БСЕ кај луѓето, наречена Кројцфелд-Јакоб болест, а многумина починале.

Во тие години беа уништени околу 4,5 милиони говеда за да се спречи ширењето на болеста.

Бројот на заболени се намали само кога се воведе строга контрола и се забрани консумирањето месо и коскената срцевина на заразените крави.

Последниот случај на БСЕ е регистриран во Холандија во 2011 година.

Холандските експерти сега вршат тестови за да утврдат за кој тип на кравјо лудило се работи, бидејќи таканаречената класична БСЕ се јавува кога добитокот се храни со контаминирана храна, додека друга варијанта, атипична БСЕ, се јавува спонтано.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Се истражува дали угинатата крава има потомство и која друга стока била нахранета и одгледувана со угинатата крава.

Доколку се открие дека ги има, ќе бидат тестирани за БСЕ, ќе бидат убиени и уништени, соопшти Министерството.

Доколку заразената крава имала класична БСЕ, ќе треба да се утврди дали и другите говеда биле хранети со храна од истиот извор, објави Адема.

Во тој случај потребно е да се преземат итни мерки за контрола на безбедноста на храната и јавното здравје – додаде министерот.

Холандската влада не ја откри локацијата на фармата на која умрело животното.