Гимназијата „Гоце Делчев“ денес е домаќин на третата регионалната олимпијада по физика на која учество ќе земат учесници од Македонија, Бугарија и Србија.
Поделени во категории според возраста, на олимпијадата учествуваат ученици од седмо одделение па се до 4-та година од средното образование, а од секоја категорија за прво место ќе се борат тројца ученици.
Организатор на олимпијадата е Софискиот клон на физичари на Бугарија, Друштвото на физичари на Македонија како и Регионалното здружение на физичари од Струмица.
Тодор Мишонов професор по физика на Универзитетот во Софија истакна дека на овој начин се поттикнуваат децата да учат повеќе, но и да се нарптеваруваат и да станат успешни физичари.
Од друга страна професорот Стојан Манолев од Струмица вели дека физиката е доста интересна како наука за сите ученици.
Се надеваме дека овој трет експериментален натпревар, кај некои од учениците ќе побуди интерес да студираат на технички науки, фундаментални науки кои се основа за развој на секое општество. Овие награди можат да ги користат во развој на нивната кариера, добивање на стипендија – вели Стојан Манолев, претседател на Регионално здружение на физичари од Струмица.
„Оваа иницијатива почна пред неколку години,оваа е трета по ред олимпијада,преходно се одржаа „Ден на фотонот„ и „Ден на капациетот„ „-изјави Боце Митревски од Друштвото на физичари на Македонија.
Кумановската гимназија прв пат учествува на натпревар по ескпериментална физика,се надеваме на добри резултати-изјави Штефица Ујчиќ, професор по физика од гиманзијата „Гоце Делчев“.