Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради ефектите од екстремната топлина, објави денес Институтот за јавно здравје Роберт Кох (RKI), наведувајќи дека најголем број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни.
Според неделниот извештај на RKI, топлината е поврзана со околу 5.120 смртни случаи, од кои приближно 4.270 се поврзани со луѓе над 75 години, објави Ројтерс.
RKI наведува дека меѓу жртвите имало повеќе жени отколку мажи, главно затоа што жените го сочинуваат мнозинството од најстарата популација.
Агенцијата за климатски промени на Европската унија, Коперник, соопшти дека Западна Европа го доживеала својот најжежок јуни досега, со просечна температура од 20,74 степени Целзиусови.
Властите во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавиле повеќе од 4.700 дополнителни смртни случаи во периодот од 20 до 28 јуни, што го вклучуваше и најинтензивниот дел од топлотниот бран, пренесува Танјуг.

