Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија постигнала договор со Соединетите Американски Држави за набавка на крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно распоредување на германска територија.
Мерц им рече на пратениците во Бундестагот дека договорот е склучен за време на неговиот состанок со американски претставници на маргините на самитот на НАТО во Анкара, велејќи дека состанокот ги „надминал“ неговите очекувања, објави Ројтерс.
„Ова затвора критична стратешка празнина во нашата одбрана, додека во исто време работиме на развој на сопствени европски системи и нивно распоредување во Европа“, рече Мерц.
Планот за распоредување американски ракети со долг дострел во Германија претходно беше доведен во прашање откако американскиот претседател Доналд Трамп во мај објави намалување на американското воено присуство во земјата.

