Се очекуваат помеѓу 500.000 и 700.000 демонстранти надвор од парискиот регион на протестите и генералниот штрајк најавени за денес, 5 ноември, во неколку градови низ Франција, според податоците од Француската територијална разузнавачка служба (DNRT).
Според извештајот објавен од телевизијата BFM, денешниот ден е означен како ден со висок ризик, со предупредување дека може да има нов бран насилство, особено во градските центри.
Синдикатот CGT најави вкупно 244 протестни собири низ целата земја
Водечките национални синдикати од јавниот и приватниот сектор, како и студенти и средношколци, ќе учествуваат во штрајкот и демонстрациите.
Причините за протестите се зголемувањето на трошоците за живот, инфлацијата, буџетските мерки, како и незадоволството од условите за работа во јавните служби и образованието.
Поради прекинот на работата, се очекуваат сериозни прекини во железничкиот и воздушниот сообраќај.
Националната железничка компанија SNCF објави откажување на околу десет проценти од брзите возови TGV, додека се очекуваат проблеми во функционирањето на метрото во Париз.
Штрајкови најавија и синдикатите во енергетските компании и рафинериите, што би можело да влијае и на снабдувањето со гориво.

