На социјалните мрежи од вчера се споделува снимка од наводен притисок кој се води во фабриката Веибо во Крива Паланка, во пресрет на 1 јануари, кога сите приватни фирми и компании се должни да им исплатат на вработените регрес за годишен одмор, познат како К15.
Според разговорите кои наводно се снимени во фабриката, вработените зборуваат за притисокот кој се врши над нив за неисплаќање на регресот, и за тоа како претпоставените ги тераат да се откажат од К 15.
Според последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството од 14.07.2015 година предвидено е Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работелнајмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Заклучно со 1 јануари, сите сопственици на приватни фирми се должни да им исплатат К-15, односно, неодамна со промена на кривичниот законик определено беше дека работодавач кој ќе побара од вработен да му врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавецот ќе се казни со затвoр од три месеци до три години.
Loading...