Во ЕУ од полноќ забрана за увоз на руски јаглен

Сподели со своите пријатели

Повеќе нема да биде дозволен увоз на јаглен од Русија во земјите членки на Европската унија по преодниот период кој завршува денеска на полноќ.

Loading...

Ембаргото е дел од петтиот пакет санкции што ЕУ го договори во април и ќе стапи на сила од четврток.

Забрана за увоз

Земјите на ЕУ се согласија за преоден период од 120 дена за да и дадат време на индустријата да се прилагоди на забраната за увоз.

Целта е да се ослабне руската економија во средината на нејзината инвазија на Украина. Во април, Европската комисија објави дека ембаргото за јаглен може да ја чини Русија околу 8 милијарди евра годишно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Првата санкција

Ембаргото за јаглен на ЕУ беше првата енергетска санкција на Русија.

Во подоцнежниот пакет, Европската унија го забрани увозот на руска нафта за да го зголеми притисокот врз Москва.

Ембаргото за нафта треба да стапи во сила пред крајот на годината, со исклучоци за неколку земји кои се особено зависни од руската нафта.

Тука спаѓа и Унгарија, на која ќе и биде дозволено да продолжи да испорачува нафта преку цевководи од Русија.

Loading...

Рускиот оператор на нафтоводот Транснефт во вторникот објави дека е запрен транспортот на нафта од Русија за Унгарија, Чешка и Словачка.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)