Во Емиратите прогласена тридневна жалост – починал синот на владетелот на Дубаи

Сподели со своите пријатели

Шеикот Рашид бин Мухамед бин Рашид Ал Мактум, син на владетелот на Дубаи и постар брат на наследникот на емиратите, починал во 33та година од животот.

Loading...

Новинарската агенција на Обединетите Арапски Емирати WAM, соошти дека вчера шеикот починал од срцев удар.

Шеикот Рашид бил прв син на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум и неговата прва жена. Покрај својата улога како владетел на Дубаи, шеикот Мухамед е и заменик претседател и премиер на Емиратите.

Рашид бил страствен љубител на спортот и обожавал коњски трки. Неговиот млад брат шеикот Хамдан сега е престолонаследник на Дубаи.

Поради неговата смрт во Обединетите Арапски Емирати, наредните три дена се прогласени за денови на жалост, вклучувајќи го и денешниот, при што знамињата во целата држава ќе бидат спуштени на половина копје.