Претседателот на климатскиот самит COP28, кој се одржува во Дубаи од 30 ноември до 12 декември, Султан ал Џабер, денеска го отвори годинешниот самит на ОН за климата со апел до бројни светски земји да најдат заедничка политичка позиција за да се сретнат со глобално климатски цели.
Ал-Џабер, кој е и директор на националната нафтена компанија ADNOC на Обединетите Арапски Емирати, побара од светските лидери да работат заедно.
„Колеги, историјата нека биде показател дека ова претседателство направи храбар избор за проактивно ангажирање на компанијата за нафта и гас. Имавме многу тешки дискусии, не беше лесно“, изјави Ал Џабер, пренесе Ројтерс.
Тој процени дека многу нафтени компании ја усвоиле целта да постигнат нула емисии на стакленички гасови до 2050 година.
„Благодарен сум што стапија во чекор со нас, да ни се придружат на ова патување кое ќе донесе промени. Но, морам да кажам, не е доволно, знам дека можам повеќе“, изјави претседателот на COP28, пренесува Танјуг.