Овој четврток (19 мај 2022 година) во Куманово, со почеток во 19 часот, ќе биде отворенa клупска изложба на фотографија Мајски Салон 2022.
Loading...
Изложбата, во организација на фото-кино клуб „Козјак” – Куманово, ќе биде поставена во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово и ќе содржи 44 фотографии на членовите на клубот.
Покровители на изложбата се Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Народна техника, и НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, a истата е под патронат на Фото сојуз на Македонија.
Интегрално соопштение