Во Чешка работат над 148.000 бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Чешка сè уште има најниска стапка на невработеност во Европската унија, од 3,5 проценти во октомври, а 148.607 украински воени бегалци од над 450.000, главно жени и деца кои побарале засолниште во Чешка, нашле работа по рускиот напад на Украина. соопшти денеска Институтот.за статистиката на Чешка.

Loading...

„Добрата вест е што невработеноста во Чешка останува ниска, па дури и во меѓугодишна споредба нема големи флуктуации. На долг рок имаме најмалку невработени во цела ЕУ. Компаниите сѐ уште бараат нови работници во сите гранки. Тоа значи безбедност за нашите граѓани и економијата“, изјави чешкиот министер за труд и социјала Маријан Јуречка.

Пред една година стапката на невработеност беше 3,4 отсто, бројот на луѓе кои бараат работа се намали овој октомври за 588, на 255.792 регистрираниво Бирото за труд, но има 8.700 слободни работни места помалку во однос на лани на сегашните 297.360 што ги нудат чешките работодавци, пренесува Бета.

Експертите очекуваат благ пораст на стапката на невработеност поради завршувањето на сезонската работа и фактот дека пазарот на трудот сепак ќе биде засегнат од последиците од енергетската криза, а развојот на војната во Украина или ситуацијата со пандемијата е исто така непознат.

Најниска стапка на невработеност вообичаено е во Прага, каде што во октомври беше 1,5 отсто, додека највисока е на истокот од земјата во индустрискиот и рударскиот центар околу Карвина, каде во октомври достигна 8,2 отсто.

По региони, највисока стапка на невработеност е во северниот дел на земјата, во регионот Устинад Лабем, 5,3 проценти и на исток, каде што беше 4,9 проценти во Моравско-шлезискиот регион.