Во Атина текоа крв и солзи за името Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во грчката престолнина во недела цел ден траеа масовни демонстрации поради потенцијалниот компромис на Грција со властите во Скопје околу официјалното име на Македонија. Во светот се испратени стравични призори на силни судири со граѓаните и полицијата – крвави глави, луѓе оборени на асфалтот на чии тела буквално клечи полицијата, спречувајќи ги да учествуваат во протестот.

 

Loading...

 

Според пишувањата на медиумите, во прашање се пет предлози: Северна Македонија, Горна Македонија, Нова Македонија, Република Македонија (Скопје), Вардарска Република Македонија.

 

 

Прославениот грчки композитор Микис Теодоракис (92) изјави дека Грција никогаш нема да го даде името Македонија, како и дека земјата ја водат „етнички демократи“. Тој говорејќи пред масовните демонстрации во Атина ги повика луѓето да се обединат како никогаш досега.

 

Loading...

 

– Ако се откажеме од нашите позиции,ќе бидеме достојни на нашата судбина. Откажувањето од националнат алинија ќе има последици врз земјата. Тоа ќе биде како отворање на границите, рекол Теодоракис.

 

 

Тој порача на грчката влада, дека ако мисли да потпише име кое содржи Македонија, ќе има обврска за тоа прво да го праша грчкиот народ.

 

 

– Во овие тешки времиња за нашата земја, кога повторно се создаваат црни облаци над нас, ни се закануваат со овој договор како никогаш досега, рекол тој и додал дека се јавиле обиди Грците да бидат убедени дека Македонците се директни потомци на Филип и Александар Македонски.

 

Loading...

 

– Со својата колосална пропаганда успеаја да убедат голем број држави, а потпомогнати се и од одредени Грци кои не се обидоа да го поништат чудното фалсификување на историјата во очите на странците, рекол Теодоракис.

 

 

Според негови зборови, Грција мора да биде внимателна во одбраната на својот национален интегритет, затоа што постојат меѓународни сили кои сакаат „саламизација на Балканот“.

 

 

Loading...

Учесниците на протестот извикувале „Подалеку рацете од Македонија“, „Македонија и припаѓа на Грција“. Носењето на грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, а едно такво со поголеми димензии на кран е закачено на плоштадот Синтагма каде се одржувал протестот.

Leave a Reply