Во 2011- пратениците Стоиљковиќ и Пачков не гласале за Законот за амнестија

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот Сојуз по денешната прес конференција, до медиумите проследи листа од спроведеното гласање во Парламентот во 2011 година, во време кога пратениците се изјасниле за усвојување на Законот за амнестија на хашките случаи.

Loading...

1

Според приложената листа, под реден број 23 и 24, се воделе пратениците Јордан Пачков од ВМРО ДПМНЕ како и Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, воедно и претседател на истата партија, кои дента не се изјасниле за Законот за амнестија на четирите хашки случаи.

Како што може да се види од листата, пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ гласал против, додека Орхан Ибрахими од ДПА гласал ”за”.

2

3

Повод за објавување на денешните листи од страна на СДСМ се емитуваните разговори каде Премиерот Никола Груевски наводно врши притисок, Законот за амнестија на хашките случаи да помине во Парламент како предуслов за зацврстување на владината коалиција со ДУИ.

Leave a Reply