Експертите предупредуваат на вирусна апликација за Андроид телефоните која во тајност ги фотографира своите корисници за да подоцна може да ги уценува. Оваа измама ја открила американската безбедносна коммпанија „ Zscaler “.
Loading...
Апликацијата „ Adult Player “ се претставува како порнографска апликација, но всушност на измама ги фотографира кориснциите со ниваната камера и потоа би го заклучила мобилниот уред и од сопственикот бара 500 долари за отклучување, а парите бара да ги уплатат преку PayPal.
Апликацијата не била достапна на „ Google Play “, туку се инсталирала директно преку сајт. „ Intel Security“ во август изјави дека бројот на такви апликации се зголеил за 127% од 2014 година.