Кај тројца од деветмината заразени со коронавирус на Инфективната клинка во Скопје има лесно влошување на состојбата, информираше на прес конференција денеска околу пладне министерот за здравство Венко Филипче.
Сите тројца се повозрасни, односно над 65-66 години и имаат отежнато дишење. Сепак, како што рече Филипче, немаат потреба од респираторна поддршка и кај нив терапијата ќе се интензивира.
Кај останатите шест лица состојбата е стабилна.
Утрово е тестирано лице кое на 7ми март влегло во земјава од Германија без никакви симптоми, но поради температура се јавил на Инфективната клиника.
Сопатниците на првата заболена денеска повторно ќе се тестираат со оглед дека им завршува изолацијата од 14 дена.
Во текот на денот на прес конференција Филипче ќе соопшти повеќе детали.
Никола Ивановски