Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски денеска оствари средба со невработените во Центарот за вработување во Куманово при што директно се запозна со нивните потреби.
Концептот за средби е сменет од групни во кои учествуваа поголема група невработени во поединечни средби, бидејќи, како што вели Поповски дел од граѓаните директно не го изнесувале проблемот,а имало и поплаки и доставени барања за директни средби, со цел да се реши проблемот кој го имаат.
Одлучив да направам агенда кога добивме многу барања,која веќе ја следам неколку дена бев во Тетово, Јегуновце, Гевгелија, Свети Николе, вчера во Крушево и денеска во Куманово – изјави Поповски.
На досегашните средби на кои бил директорот граѓаните барале начин како да дојдат до работно место.
Граѓаните, пред се бараат вработување подобри услови за работа, работно место согласно нивните квалификации. Секогаш кога има отворено место можам да им понудам веднаш,за тие кои немаат квалификации ги гледме нашите обуки, преквалификации, доквалификации, со тоа што секогаш препорачувам дека секоја нова вештина е ново знаење, нова можност за вработување, ново искуство-изјави Поповски.
Тој им препорачана младите во Куманово кои што можеби имаат познавање од ИТ секторот, дека се уште се отворени огласите за јава и за Дот.Нет, каде што веднаш има понуда за работа.
Ги повика исто така да ги посетат центрите, да го положат примениот испит, да потпишат договор и да добијат како што рече, подарок од државата во висина од 1.350 евра неповратни средства, колку што чини обука за овие вештини.
фото: архива