Властите на Крим за експлозијата на мостот ги обвинија Украинците

Сподели со своите пријатели

Шефот на кримскиот парламент Владимир Константинов изјави дека „украинските вандали“ се одговорни за денешната експлозија на мостот на Крим, пренесува РИА Новости.

Loading...

– Украинските вандали успеаја со крвави раце да го фатат мостот на Крим. Сега имаат со што да се фалат, за 23 години владеење со полуостровот не успеаја да изградат ништо вредно за внимание, а сега успеаја да уништат дел од мостот – напиша тој на својот канал Телеграм.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак објави порака на Твитер по спротивставените извештаи за експлозија или пожар на Крим денеска, нарекувајќи го „почеток“, но не и директно преземајќи ја одговорноста на Украина за инцидентот, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин

– Крим, мостот, почеток. Се што е незаконски мора да се уништи, се што е украдено да се врати во Украина, се што е окупирано од Русија мора да биде протерано – напиша Подољак во врска со инцидентот во кој беше оштетен мостот што го поврзува руското копно со полуостровот Крим.

Камион утринава експлодираше на Кримскиот мост, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што минувал, соопшти рускиот национален антитерористички комитет, пренесува ТАС С.

Од експлозијата на камионот се урнати два патни делници од мостот на Крим, додека навигациските сводови не претрпеле никаква штета.

Претходно локалните руски власти соопштија дека во инцидентот нема повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русија не нападна со 60 дронови. Само еден остана во воздухот

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...