Владимир Стојановиќ е новиот општински претседател на ДПСМ Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Владимир Стојановиќ е новиот избран претседател на Општинската Организација на Демократската Партија на Србите во Македонија – Куманово, откако во сабота навечер ја доби апсолутната поддршка од сите 268 присутни делегати на петтото изборно собрание кое се одржа во поранешната зграда за општествени дејности во Куманово.

Loading...

[huge_it_gallery id=”10″]

Општинската Организација, освен на новиот претседател, поддршка му даде и на изборот на досегашниот секретар Зоран Тошиќ, додека за нов заменик претседател е избран Далибор Китановиќ, актуелен директор на КУД ”Српски вез”.

 

Новиот претседател на ОО на ДПСМ Куманово, Владимир Стојановиќ, инаку актуелен директор на “ГАМА” А.Д кој стапи на функција по ненадејната смрт на поранешниот директор Горан Стојковиќ, по професија е дипломиран политиколог и долгогодишен член на Демократската партија на Србите во Македонија.

– Во оваа прилика, би сакал да се заблагодарам на досегашното раководство, и тоа што вечерва се собравме во ваков број е доказ дека партијата има сработено многу во претходниот период, вели Стојановиќ.

Нашата партија постигна многу на планот на остварување на правата на српското малцинство во Македонија, изјави Стојановиќ по завршувањето на изборното собрание, додавајќи дека како приоритетна цел со самиот избор ќе биде реорганизација на партијата.

Loading...

– Наскоро ќе пристапиме кон избор на ново раководство на жени на ОО на ДПСМ Куманово, како и огранок на млади членови, вели Стојановиќ.

На петтото изборно собрание, освен новоизбраниот претседател, свое обраќање имаше и претседателот на партијата, Иван Стоиљковиќ, долгогодишен пратеник и претседател од формирањето на партијата до денес, како и Бобан Јаќимовиќ, доскорешен претседател на ОО на ДПСМ Куманово.

Leave a Reply