Владејачката партија во Азербејџан го предложи Алиев за претседателски кандидат

Сподели со своите пријатели

Владејачката партија на Азербејџан го предложи актуелниот претседател на државата Илхам Алиев (62) за кандидат на вонредните претседателски избори закажани за 7 февруари 2024 година, изјави денеска заменик-претседателот на партијата Јани Азербејџан, Таир Будагов.

Loading...

„Актуелниот претседател Илхам Алиев ќе биде наш кандидат на претстојните вонредни избори“, изјави тој за новинарите, пренесува ТАСС.

Предвремените претседателски избори во Азербејџан ќе се одржат на 7 февруари следната година, се наведува во указот што на 7 декември го потпиша претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Претседателските избори требаше да се одржат во октомври 2025 година.

Според азербејџанското законодавство, претседателот на Републиката се избира за мандат од седум години.

Претходните претседателски избори во Азербејџан се одржаа во април 2018 година.