Владата утре ќе се задолжи 6,6 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Владата утре планира да се задолжи за 6,6 милиони евра така што ќе продаде две едногодишни државни обврзници,, пренесе порталот локално.мк.

Loading...

Стариот долг кој треба да го врати во среда оваа недела изнесува 5,3 милиони ера, што значи дека и по раздолжувањето, јавниот долг на Македонија ќе биде поголем за 1,3 милиони евра.

Министерството за финансии ќе плати камата од 1,7 отсто за денарските обврзници со кои планиран да прибере околу 5,8 милиони евра и 1,5 отсто камата за евро-обврзниците проектирани на 813 илјади евра.

Инаку, според месечниот календар за државни обврзници на Министерството за финансии, Македонија во септември треба да врати 40,8 милиони евра.