Владата на Финска предводена од премиерката Сана Марин поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Финската премиерка Сана Марин поднесе оставка од својата влада до финскиот претседател Саули Нинисто, објави финскиот државен медиумски сервис Иле.

Loading...

Владата на Финска поднесува оставка по поразот на партијата на Марин на неодамнешните парламентарни избори и ќе остане на функцијата до формирање на нова влада.

Процесот на формирање на нова влада ќе започне следната недела, додека новиот парламент ќе започне со работа во вторник на 11 април, пишува ТАСС.

Марин вчера најави дека до есен ќе се повлече од функцијата претседател на Социјалдемократската партија, но нагласи дека ќе остане пратеник во Парламентот на Финска.