Владата му ги одзеде сите ингеренции на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и тоа по втор пат. Ваквата одлука била донесена на итна седница на Владата, за која СДСМ, за Телма, тврди дека траела до четири часот наутро.
Оваа одлука ги укинува двата правилници кои Спасовски ги донесе минатиот понеделник, односно на 11-ти април, затоа што Владата смета дека се поврзани со избори, а немале потрпис од дополнителниот заменик министер Митко Чавков.
Како врв на одлуката е забрана министерот Оливер Спасовски да донесе било каква одлука за правни, финансиски или кадровски решенија без претходно истите да имаат потпис од Чавков, а Владата забрани носење решенија и спротивно на системот на кариера односно спротивни страни на класификацијата на работните места утврдени со Законот за внатрешни работи.