Високите и гојазни мажи се во поголем ризикод агресивниот рак на простата, се наведува во најновите истражувања.
Загадувањето е главниот предизвикувач на ракот на белите дробови, дојката и простатата
Мажите над 180 см за 21 отсто имаат поголема шанса да заболат од ракот на простата отколку оние кои се пониски. За 13 отсто поголем е ризикот кај средовечните маќи кои имаат барем 10 см вишок околу струкот.
Научниците објануваат дека високите маќи имаат поголемо ниво на хормони кои влијаат на висината во детството, но тоа се поврдува со ризикот од рак кога же пораснат.
Мажите кои се гојазни, посебно во средните години го менуваат нивото на тестостерон кој исто така го зголемува ризикот. Докажано е дека двете групи рак на простата напредуваат прогресивно и почесто доведуваат до смрт.
„Овие резултати ни помагаат да сфатиме на кој начин ракот на простата настанува и напрдува кај одредени луѓе. Исто така, резултатите се важни за да работиме на планот на исхрана во помладо доба и во текот на радтот за да превенираме настанување на рак подоцна“, вели авторката на студијата д-р Аурора Перез-Корнаго.
И поранешните студии покажуваат дека гојазните и високите мажи се во повисок ризик од ракна простата.