Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот не очекува променливо облачно време, додека во западните делови од државата ќе има и мали услови да се појави слаб и краткотраен дожд.
По оделни котлини, особено во Југоисточна Македонија ќе се појави магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи од 0 до 10 степени во утринските часови, додека максималната дневна се очекува да биде во интервал од 12 до 18 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска не очекува слично време, претежно сончево со мала до умерена обчаност и магла претежно во утринските часови. Температурата ќе се движи околу 2 степени во минимум, додека максималната дневна вредност може да достигне 14 степени целзиусови. Во наредните неколку денови утринската температура ќе се намалува, па така веќе за викенд утринската температура ќе отиде и под нулата, според информациите на порталот за временска прогноза accuweather.
Следува подолг период на стабилно и суво време. Утринските температури воследните денови полека ќе опаѓаат. До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе слабеат.
За време на викендот ќе започне да дува североисточен ветер и оваа промена малку ќе ги покачи утринските температури и ќе ги намали условите за појава на утринска магла, додаваат од УХМР.